Хакери украле лични и финансиски податоци на 380 илјади клиенти на „Бритиш ервејз“, јавија британските медиуми.
Цел на хакерскиот напад бил сајтот на „Бритиш ервејз“ и мобилната апликација на компанијата.
Со нападот се погодени клиенти кои платиле за авионски билети во периодот од 21 август до 5 септември. Не се украдени податоци од пасоши и информации за летовите.
„Бритиш ервејз“ почна истрага и е во постојан контакт со своите клиенти.
МИА