четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хакери украле повеќе од 30 милиони долари од јужнокорејска берза за криптовалути

Хакери украле повеќе од 30 милиони долари од јужнокорејска берза за криптовалути

Хакери ја нападнале берзата за трговија со криптовалути Битамб (Bithumb), од која се украдени виртуелни валути во вредност од 35 милијарди вони (31,51 милиони долари).

Битамб, чија централа е во Сеул, на својот сајт информира дека ги запрела сите трговии откако утврдила дека „од синоќа до утрово се украдени криптовалути во вредност од околу 35 милијарди вони“.

Платформата истакна дека ќе ги надомести загубените дигитални пари со сопствени пари и уверува дека ќе ги префрли сите средства на потрошувачите на безбедно.

МИА