сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Халденванг: Значително зголемување на „Граѓаните на Рајхот“ од 2021 година

Халденванг: Значително зголемување на „Граѓаните на Рајхот“ од 2021 година

Шефот на германската домашна разузнавачка служба, Томас Халденванг, денеска изјави дека екстремно десничарското движење „Граѓаните на Рајхот“, кое го негира постоењето на модерна германска држава, значително пораснало од минатата година и продолжува да претставува високо ниво на опасност.

Тој додаде дека групата која беше уапсена во рациите рано утринава е вистински пример за новата ситуација каде што цветаат идеологиите на „Граѓаните на Рајхот“, теориите на заговор и наративите на екстремната десница.

Германската полиција денеска уапси 25 осомничени членови и поддржувачи на екстремно десничарската сцена, членови на „Граѓаните на Рајхот“, кои се осомничени дека планирале државен удар.  (МИА)