четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хаос во Брисел: „Жолтите елеци“ се судрија со полицијата

Хаос во Брисел: „Жолтите елеци“ се судрија со полицијата

На протестот на „жолтите елеци“ денеска во Брисел дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, која користеше бибер спреј.

Стотици демонстранти одржаа протест против социјалната неправда, а имаше и лица во црни дуксери, кои ги провоцираа чуварите на редот.

На неколку места дојде до конфликт со полицијата, а неколку лица беа уапсени.

Во Белгија и денеска се одржуваат општи избори.

Медиуми наведуваат дека судирите се случиле во близина на седиштето на ЕУ.