Маж (59) беше уапсен во Лондон поради сомневања за обид за убиство откако мавташе со мачета на железничката постојка во јужниот дел на Лондон, се наведува во извештајот на „Би-би-си“.
Полицијата во понеделникот околу 18:30 часот доби пријава за еден човек кој има многу голем нож и се наоѓа на Тулс Хил.
Сведоците опишаа дека на постојката владеел „хаос” и дека луѓето врескале од страв сè додека полицијата не го уапсила мажот.
На видеоснимките се гледа дека полицајците користеа електрошокер и притоа го приковаа човекот за подот. Подоцна тие го фатија и го уапсија.
Иако 59-годишникот беше виден како мавта со оружје, за среќа немаше повредени. Полицијата смета дека инцидентот не е поврзан со тероризам.