понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Харис: Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“

Харис: Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“

Владимир Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“ изјави во Романија потпретседателката на САД Камала Харис.

Таа додаде дека САД се посветени на изнаоѓање дипломатско решение но не е оптимист дека Москва во моментов го има истиот став.

-Од самиот почеток, САД искрено се обидоа да се вклучат во дипломатијата. Од сè што знаеме и сме сведоци, Путин не покажува знаци дека се занимава со сериозна дипломатија, рече таа и додаде дека Русија се занимава со „лаги“ и „дезинформации“.

Харис нагласи дека Русија треба да сноси одговорност за своите постапки додека продолжуваат дипломатските напори.

-Ние веруваме дека дипломатијата е начинот за решавање на овие прашања“, рече таа, додавајќи дека тоа треба да „коегзистира со нашата посветеност да обезбедиме нашите сојузи да бидат силни и дека мора да има сериозни последици и одговорност за она што го прави Русија“. (МИА)