вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хатами: За соработката помеѓу Иран и Сирија нема да одлучува „трета страна“

Хатами: За соработката помеѓу Иран и Сирија нема да одлучува „трета страна“

Иранскиот министер за одбрана Амир Хатами при вчерашната посета на Дамаск изјави дека Техеран и понатаму ја поддржува сириската Влада со цел да осигура подобра безбедност во регионот, истакнувајќи оти за природата на соработката помеѓу двете држави нема да одлучува „трета страна“.

– Ниту една трета страна не може да влијае врз присуството на иранските советници во Сирија, посочи Хатами.

Тој додаде дека се надева оти Иран би можел да има „продуктивна улога“ во обновата на Сирија.

Израел изрази загриженост поради растечкото влијание на Иран во Сирија, обвинувајќи го Техеран дека се обидува да воспостави упориште во близина на границата со еврејската држава.

Хатами во Дамаск разговараше и со претседателот на Сирија, Башар ал Асад.

(Миа)