вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хаваи: Ерупцијата на вулканот не престанува, уништени куќи

Хаваи: Ерупцијата на вулканот не престанува, уништени куќи

Во ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваите уништени се 26 куќи, а околу 1.700 евакуирани жители се уште не знаат колку долго ќе бидат раселени.

Официјален Хаваи соопшти дека лавата уништила уште четири згради во неделата. На евакуираните жители им е дозволено секој ден на кратко да отидат до своите домови за да земат неопходни залихи, а службениците потврдуваат дека така ќе можат да прават секој ден, се додека подрачјето е безбедно за пристап.

Лавата од вулканот се прошири на околу 36.000 квадратни метри, а иако се движи бавно и се уште не се знае до кога и колку таа ќе се шири.

Од Геолошко топографскиот институт на Соединетите Американски Држави соопштуваат дека во системот на вулканот има уште магма и оти ерупцијата ќе трае се додека таа лава не излезе на површината.

Според податоците на американскиот Црвен крст, во засолниште во саботата биле 250 луѓе и 90 домашни миленици.

Вулканот Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот. Неговата ерупција трае од 1983 година, а лавата овој пат се спушти до најнаселените подрачја.

Вулканот во 1990 година за малку ќе го уништеше градот Калапан, каде текот на лавата покри голем дел од градот.