четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хејли се закани со нови санкции кон Северна Кореја

Хејли се закани со нови санкции кон Северна Кореја

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли се закани со заострување на режимот на санкции кон Северна Кореја, доколку земјата изврши уште една ракетна проба.

– Слушнавме дека Северна Кореја планира нова ракетна проба. Се надеваме дека нема да дојде до тоа, изјави Хејли.

САД веќе издејствуваа заострување на санкциите кон Северна Кореја, откако нејзината армија изврши неколку ракетни проби во 2017 година при што лансираше ракети кон Јапонија.

Вашингтон изврши притисок и врз Кина, која ја обвини дека ги крши санкциите кон Северна Кореја и скришно и доставува нафта.