вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хокинг оставил аманет: Напишете ми го ОВА на мојот гроб

Уште во 2002, во интервју за „Њујорк Тајмс“ тој рече дека на натписот треба да стои формулата за ентропија на црните дупки.
Хокинг оставил аманет: Напишете ми го ОВА на мојот гроб

Познатиот физичар Стивен Хокинг почина неделава, на 14 март, на 77-годишна возраст.

Додека беше жив, тој многу јасно кажа што би сакал да стои на неговата надгробна плоча.

Уште во 2002, во интервју за „Њујорк Тајмс“ тој рече дека на натписот треба да стои формулата за ентропија на црните дупки.

Светски прочуениот физичар работеше на формулата заедно со својот колега Џејкоб Бекенштајн, па така официјалниот назив гласи Бекенштајн-Хокингова равенка.

Стивен Хокинг почина во средата наутро, во својот дом во Кембриџ, Велика Британија.