сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Холандски борбени авиони пресретнаа руски авиони во близина на Полска

Холандски борбени авиони пресретнаа руски авиони во близина на Полска

Министерството за одбрана на Холандија соопшти дека два холандски борбени авиони Ф-35 пресретнале три руски воени авиони во близина на полскиот воздушен простор и ги извеле од оваа област.

– Ф-35-те мораа да ја идентификуваат и да ја водат формација на авиони. По идентификацијата, се покажа дека станува збор за три авиони: руски ИЛ-20М Кут-А придружуван од два СУ-27 Фланкери. Формацијата беше придружувана од далечина, а насоките им беа предадени на партнерите од НАТО, соопшти Министерството.

Руските авиони се приближиле до воздушниот простор на НАТО и Полска од Калининград.  (МИА)