Холандскиот премиер Марк Руте преживеа гласање за недоверба ноќеска на барање на опозицијата во Парламентот, која го обвини за лажење за време на преговорите за формирање коалициска влада.
-И понатаму останувам премиер. Ќе работам напорно за да ја вратам довербата, изјави Руте за медиумите, чија либерална партија, Народна партија за слобода и демократија (ВВД), освои мнозинство на парламентарните избори минатиот месец.
Ноќеска беше изгласана тесна поддршка за Руте. Тој беше поддржан од двете главни партии кои беа дел од неговата претходна коалиција, Д66 и ЦДА, додека сите опозициски партии гласаа против него.
Оваа епизода претставува една од најважните политички битки во долгата кариера на Марк Рут, на власт од 2010 година. Холандската влада падна во средината на јануари поради скандал со субвенции за деца. Изборите се одржаа на 17 март.