петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Холандскиот премиер ја одликуваше Меркел со признание кое ретко се доделува

Холандскиот премиер ја одликуваше Меркел со признание кое ретко се доделува

Холандскиот премиер Марк Руте ѝ додели на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел едно од највисоките холандски кралски почести за време на нејзината проштална посета на Амстердам.

Руте и Меркел ја посетија куќата на Ана Франк и познатиот музеј Ријкс, каде што е изложена „Ноќната стража“ на Рембрант. Потоа отидоа на прошетка низ каналите на Амстердам, објави агенцијата АНП.

Додека се возеа со брод, Руте ја изненади Меркел именувајќи ја за Витез на големиот крст од редот на холандскиот лав, чест што ретко се доделува.

Средбата ја завршија со приватна вечера.

Меркел ја напушти функцијата во декември, но нејзината проштална посета мораше да се одложи поради пандемијата на коронавирус.

Руте тесно соработуваше со поранешната канцеларка откако тој стана премиер на Холандија во 2010 година.