вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Холтген: Загриженост во СЕ и ОБСЕ поради растот на антимуслиманскиот расизам во Европа

Холтген: Загриженост во СЕ и ОБСЕ поради растот на антимуслиманскиот расизам во Европа

Високи претставници на Советот на Европа и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) вчера се согласија да преземат конкретни чекори во борбата против растот на антимуслиманскиот расизам во Европа.

Даниел Холтген, специјален претставник на Советот на Европа за антисемитска, антимуслиманска и други форми на верска нетолеранција и злосторства од омраза, одржа онлајн средба со Исмаил Хаки Муса, претставник на претседавачот на ОБСЕ за борба против нетолеранција и дискриминација на муслиманите, јави агенцијата Анадолија.

По средбата, Холтген на Твитер напиша дека забележале загрижувачки раст на расизмот кон муслиманите во Европа, слично на порастот на антисемитизмот.

– Советот на Европа и ОБСЕ се посветени на запирање на тој тренд, напиша тој. (МИА)