недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хорор пред училиште во Кина: Автомобил прегази деца и возрасни, 5 од нив се мртви

Хорор пред училиште во Кина: Автомобил прегази деца и возрасни, 5 од нив се мртви

Најмалку пет лица загинаа, а 18 се повредени кога автомобил се залета во група луѓе, меѓу кои и ученици, пред основното училиште во градот Хулудао, на североистокот во Кина.

-Државната ТВ станица „ЧТВ“ јави дека возачот е приведен, пренесе новинската агенција „АП“.

На видеата од сигурносните камери се гледа дека возилото се приближува додека децата ја минуваат улицата пред училиштето.

Засега не е јасно дали е во прашање намерен напад, но „АП“ напоменува дека во Кина неодамна се случиле повеќе слични инциденти.

Минатиот месец, маж со возило влета во група пешаци во градот Нингбо, усмртувајќи две и повредувајќи 16 лица.

Во септември, 11 беа убиени, а 44 лица повредени во провинцијата Хунан, кога напаѓач со возило влета кон група луѓе.