Два воза се судрија во јужен Египет, при што загинаа најмалку 32 лица и 64 се повредени, јавија локалните медиуми.
На Твитер објавено е видео на кое се гледаат неколку превртени патнички вагони на местото на несреќата во провинцијата Сохаг, 460 километри јужно од главниот град Каиро.
Повеќе од 30 амбулантни возила се испратени на местото на настанот.
Најтешката железничка несреќа во Египет беше во 2002 година, кога загинаа најмалку 350 лица. (МИА)