Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ поради белодробна емболија е сместен во Клиниката за белодробни болести Јордновац. Неговата здравствена состојба е стабилна.
Лекарите предвидуваат дека во болница ќе остане околу една седмица, по што ќе продолжи со домашно лекување.
Бандиќ пред еден месец имаше фрактура на ногата, а белодробната емболија е една од компликациите до кои може да дојде поради тоа.
Емболијата се случува кога згрутчување на крв влегува во белодробната артерија и го намалува дотокот на кислород.(МИА)