четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хрватска отвори истрага против полицајците кои тепале емигранти

Хрватска отвори истрага против полицајците кои тепале емигранти

Хрватското јавно обвинителство наложи истрага против полицајците тепачи, поради сомнеж во кривично дело нечовечко и сурово постапување, а на тројцата извршители им се заканува затворска казна до 10 години, пишува денес загрепски Јутарњи лист.

Јавното обвинителство во Карловац по објавувањето на снимките во емисијата на хрватска РТЛ „Потрага“ побара спроведување истрага, соопшти општинската јавна обвинителка Вера Магдиќ Бижановиќ.

Станува збор, како што се наведува, за кривично дело мачење или друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, за што е предвидена затворска казна до 10 години.

На неодамна објавената снимка било утврдено дека припадници на специјалните полициски единици тепаат емигранти, па тројца се суспендирани и против нив е почната дисциплинска постапка, јавија надлежните.