Обезбедувањето на берлинскиот аеродром Шенефилд, помислувајќи дека во багажот на еден патник се наоѓа бомба, го евакуираше целиот аеродром, меѓутоа се утврдило дека во прашање е вибратор.
Откако била решена мистеријата на сопрвеникот му е дозволено да го продолжи своето патување и му е дозволено да ги задржи спорниот предмет.
Ова е трета целосна евакуација на германските аеродроми во последните 10 дена, поради што аеродромското обезбедување е изложено на критика.
Во вторникот десетина летови се откажани на аеродромот во Франкфурт, најголемиот во Германија, каде се утврдило дека уште еден патник пришол во зоната на качување без претходна безбедносна проверка.
Веднаш потоа сите летови се откажани и патниците морале повторно да бидат проверувани. На минхенскиот аеродром на 28 јули се откажани 300 летови зошто еден патник не ги поминал безбедносните проверки, поради што повеќе од 30.000 луѓе морале да ги променат своите патни планови.
Патникот од Шенефелд, за кој „Индипендент“ вели дека е 31-годишен маж кој вибраторот го купил за подарок на девојакта, исто така морала да го испушти првобитниот лет.