Закрепнувањето на глобалната воздухопловна индустрија по пандемијата на Ковид-19 зема замав, но високите цени на горивото ќе го зголемат притисокот врз авиокомпаниите, соопшти денеска Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).
Се наведува дека глобалниот патнички сообраќај во јули бил на околу 75 отсто од нивото пред пандемијата, потпомогнато од силната побарувачка за домашни услуги каде сообраќајот се вратил за 86,9 отсто од нивото во јули 2019 година.
Од друга страна, меѓународниот сообраќај во јули закрепна на 67,9 отсто од нивото пред пандемијата.
Генералниот директор на ИАТА, Вили Волш ситуацијата ја опиша како „цврсто закрепнување“, помогнато од побарувачката на северната хемисфера во текот на летото и зголемената домашна активност во Кина.
Сепак, Волш предупреди дека високите цени на авионското гориво ќе продолжат да вршат притисок врз трошоците на авиокомпаниите во остатокот од годината, што тој го опиша како предизвик за превозниците. (МИА)