четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИД киднапирала најмалку 36 жени и деца при нападот во Суејда

ИД киднапирала најмалку 36 жени и деца при нападот во Суејда

Најмалку 36 жени и деца биле киднапирани од страна на џихадистичката група Исламска држава (ИД) при нападот на сириска провинција Суејда минатата недела, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Киднапираните жени и деца се припадници на Друзите, заедница на која и припаѓа поголемиот дел од населението на Суејда.

Во нападот на ИД во југозападната сириска провинција на 25 јули беа убиени повеќе од 250 лица.