вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИД презеде одговорност за нападот во Кабул

ИД презеде одговорност за нападот во Кабул

Исламска држава презеде одговорност за бомбашкиот напад врз комбе што превезуваше патници во Кабул, при што загина една жена, а три лица се повредени.

Тоа е втора експлозија за две дена во Кабул, каде расте загриженоста за безбедноста воочи Рамазан бајрам, што денеска, првпат по 20 години, ќе биде одбележан под власта на талибанците.

Пред два дена настрадаа повеќе од 50 луѓе во силна експлозија во џамија во Кабул. За нападот сè уште никој нема преземено одговорност.

ИД презеде одговорноста за неколку бомбашки напади во изминатите недели, особено ние насочени кон шиитските и суфиските малцински заедници во Авганистан.