недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИД се закани: Ќе има ново крвопролевање по масакрот во џамиите

ИД се закани: Ќе има ново крвопролевање по масакрот во џамиите

Водачот на терористичката организација Исламска држава ги повика екстремистите и следбениците да се „одмаздат“ по пукањето во џамиите на Нов Зеланд.

Еден од водачите на терористите Абу Хасан ал Мухајир, наводно го објави повикот на следбениците во 44-минутна аудио снимка, пренесе „Дејли мејл“.

Брентон Тарант, терорист во петокот уби 50 луѓе во две џамии на Нов Зеланд.

Ал Мухајир го прекина шест месечното молчење за да повика на одмазда.

-Сцените од масакрот во двете џамии би требало да ги разбудат оние кои беа измамени и би требало да ги поттикне следбениците на калифатот да ја одмаздат својата религија, рекол тој.