недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИД убила повеќе од 220 лица во jужна Сирија

ИД убила повеќе од 220 лица во jужна Сирија

Повеќе од 220 лица загинаа во вчерашните напади во јужна Сирија, кои ги изврши „Исламска држава“, соопшти директорот на Сирискиот центар за мониторинг на човекови права Рами Абдел Рахман.

– Бројот на загинатите луѓе достигна 221, вклучително и 127 цивили, рече тој и додаде дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми.

ИД соопшти дека извршила координирани напади со самоубиствени бомбашки напади во неколку села и главниот град на провинцијата Суејда.

МИА