петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илјадници наставници во Англија најавија штрајк барајќи подобри плати

Илјадници наставници во Англија најавија штрајк барајќи подобри плати

Илјадници наставници во Англија најавија штрајк што ќе ја наруши работата на повеќе од 22.000 училишта.

Професорите по петти пат годинава штрајкуваат барајќи подобри плати и услови за работа поради високите трошоци за живот.

И покрај опсежните дискусии со синдикатите, предлогот на Владата за еднократна исплата од 1.000 фунти (речиси 1.248 долари) за тековната академска година и просечно зголемување на платите на персоналот од 4,5 отсто следната година беше отфрлен и повеќе не се дискутира.

Одделот за образование го оцени предлогот „праведен и разумен“ и вети дополнителни 2,3 милијарди фунти за училиштата во следните две години.

Синдикатите бараат зголемување на платите над инфлацијата, како и дополнителни средства за зголемувањето на платите да не дојде на сметка на постоечките училишни буџети.  (МИА)