четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Има 24 жени и 149 деца, па поради тоа доби затворска казна

Има 24 жени и 149 деца, па поради тоа доби затворска казна

Вишиот суд во Британска Колумбија осуди двајца мажи за полигамија, едниот поради тоа што стапил во брак со 24 жени, а другиот поради заединштво со пет жени.

Винстон Блекмор успеал да се ожени со 24 жени поради што доби шест месеци казна која ќе ја издржи во својата куќа. Тој ќе може да излезе само во случај да му е неопходна здравствена нега, пренесува Дејли Мејл.

Џејмс Олер, кој се венчал со пет жени доби три месеци домашен притвор. Двајцата во наредните 12 месеци ќе бидат на условна. Првиот добил 150 часа социјална работа, а другиот двојно помалку.

Судијата релча дека двајцата се вредни работници, кои инаку го почитуваат законот, но оти не е можно да не ги осуди, имајќи предвид дека некои жени кога стапиле со нив во брак биле малолетни и имале помалку од 15 години.

Сепак Блекмор (61), кој со своите жени има дури 149 деца рече дека ниту едена пресуда нема да го натера да не се придржува до животниот стил кој го живеел до изрекување на пресудата.

Инаку, и Блекморе и Олер се лидери на Мормонската црква која верува во брак со повеќе жени.