недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Имигрант од Руанда призна дека убил католички свештеник во Франција

Имигрант од Руанда призна дека убил католички свештеник во Франција

Имигрант од Руанда денеска и се предаде на полицијата во западна Франција, признавајќи дека убил католички свештеник, изјави за франциски медиуми извор близок до истрагата.

Полицијата го пронајде денеска телото на убиениот свештеник во Сен-Лоран-сур-Севр, во регионот Ванде, откако претходно осомничениот отишол во полициска станица и го признал делото.

Изворот нагласи дека осомничениот веќе бил под надзор на полицијата под сомнение дека учествувал во палењето на катедралата во Нант 2020 година, пренесува Телеграф.

Локалните медиуми посочуваат дека 40-годишниот Емануел Е до смрт го претепал 60-годишниот свештеник рано изутринава.

Сенаторот од Венди, Бруно Ретало, рече дека жртва е Оливие Меир и дека е шокиран од убиството. Тој додаде дека локалната католичка црква и убиениот свештеник обезбедиле сместување за тоа лице од Руанда. (МИА)