понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инцидент со огнено оружје во воена база во Охајо

Инцидент со огнено оружје во воена база во Охајо

Воено воздухопловната база „Врајт Патерсон“, во близина на градот Дејтон во американската држава Охајо, беше затворена во текот на ноќта поради известување за инцидент во кој дошло до неовластена употреба на огнено оружје во објектот.

Според достапните информации од американската армија, обезбедувањето извршило претрес во зградата, а екипите на брза помош, исто така, реагирале на извештаите од Националниот воздухопловно-вселенски разузнавачки центар.

– Сите наши воени и цивилни лица се обучени за брза проценка на ситуацијата и преземање соодветни мерки, се наведува во кратката изјава на воздухопловната база објавена на Твитер, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат соопштени кога ќе станат достапни.