петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инцидент во театар во Балтимор: Маж извикувал Хајл Хитлер! Хајл Трамп

Инцидент во театар во Балтимор: Маж извикувал Хајл Хитлер! Хајл Трамп

Во татар во американскиот град Балтимор дошло до инцидент кога еден маж почнал да извикува: Хајл Хитлер! Хајл Трамп! Инцидентот се случил за време на паузата при изведувањето на класична претстава, чие дејствие се случува во еврејско село во царска Русија.

Откако мажот почнал да го извикува нацистичкиот поздрав, дошло до вознемиреност и гледачите во паника почнале да излегуваат од татарот.

– Неколку луѓе од публиката пшочнаа да трчаат кон излезите. Јас мислев дека ќе слушнам истрели, изјави новинарот Рих Шер за Си-Ен-Ен, кој бил еден од присутните на изведбата на претставата „Виолинист на покрив“. Тој истакна дека мажот извикувал и други работи пред обезбедувањето да го изнесе од театарот.

МИА