сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Индија го лансираше своето прво вселенско летало за проучување на Сонцето

Индија го лансираше своето прво вселенско летало за проучување на Сонцето

Две недели по успешното спуштање на сонда на Месечината, Индија денеска го лансираше и своето прво вселенско летало за проучување на Сонцето.

Вселенското летало Aditya-L1беше лансирано од вселенскиот центар Срихарикота во јужна Индија со цел да го проучува Сонцето на оддалеченост од околу 1,5 милиони километри од Земјата.

Леталото е опремено да ги проучува сончевата корона, хромосферата, фотосферата и сончевиот ветер, соопшти Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО). Aditya-L1 се упати кон точката L1 на системот Земја-Сонце, што овозможува непрекинат поглед на Сонцето.

Се очекува вселенското летало да обезбедува сигурни индикации за напливот на честички и радијација поради зголемената сончева активност која има потенцијал да ги уништи електричните мрежи на Земјата. Напредното предупредување може да ги заштити сателитите кои играат важна улога во глобалната економија, како и екипажот на другите вселенски станици. (МИА)