Бројот на нови инфекции од коронавирус мора да се намали на неколку стотина дневно за да може да се размислува за натамошни ублажувања на мерките, предупреди заменик шефот на германскиот Институт „Роберт Кох“, Ларс Шаде, додавајќи дека отсега секоја инфекција на органите за дишење мора да се тестира на коронавирус.
Тој на прес-конференција истакна дека во последните денови во Германија се регистрирани околу 2.000 нови инфекции, а бројот на излекувани достигнал веќе 106.800 лица.
Шаде нагласи дека во одделни европски земји, како што се Италија, Франција и Шпанија, се уште е преголема смртноста, објаснувајќи дека тоа не е случај во Германија, каде стапката на морталитет е зголемена само во покраините Хесен и Берлин.
– По успешноста на преземените мерки, тие сега се доведуваат во прашање. Тоа што Германија, во споредба со останатите, релативно добро помина низ пандемијата е благодарејќи на мерките. Ако повторно имаме премногу близок контакт меѓу луѓето, тогаш ќе има и повеќе инфекции, оцени Шаде, додавајќи дека не смее да се прават драстични олеснувања на мерките.
Тој го повика населението и понатаму да се придржува кон мерките, нагласувајќи дека со тоа помагаат вирусот на се држи под контрола.
– Отсега треба секоја инфекција на дишните органи, без разлика на вишокот килограми, да се тестира, изјави Шаде, објаснувајќи дека сега е важно инфекцијата Ковид-19 многу порано да се препознае.
На прашањето дали коронавирусот во текот на летниот период ќе се повлече, Шаде истакна дека се уште по постојат сигурни сознанија за тоа, бидејќи има заразени случаи со Ковид-19 на јужната хемисфера и на места каде се високи температурите.