вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инвестициски фонд од ОАЕ: Купивме 3 тони злато од Венецуела

Инвестициски фонд од ОАЕ: Купивме 3 тони злато од Венецуела

Инвестициската компанија Нур Kепитал (Noor Capital) oд Абу Даби соопшти дека на 21 јануари купиле 3 тони злато од Централната банка на Венецуела.

Во соопштение на компанијата се нагласува дека купувањето е соодветно меѓународните стандарди и закони за тој ден и ќе се воздржат од понатамошни трансакции додека ситуацијата во Венецуела не се стабилизира.

Во четвртокот медиуми објавија дека Венецуела доставила три тони злато во ОАЕ на 26 јануари и ќе продаде уште 15 тони на таа држава во следните денови. Планот на Венецуела бил да се продадат на ОАЕ вкупно 29 тони злато до крајот на февруари за поддршка на платежната способност на домашната валута.