сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ИОМ: Од 2017-та регистриран најголем број загинати мигранти во Средоземното море

ИОМ: Од 2017-та регистриран најголем број загинати мигранти во Средоземното море

Бројот на мигранти кои загинале во Медитеранот од почетокот на годината е најголем од 2017 година, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), цитирани од ДПА.

Најмалку 1.874 мигранти кои се обиделе да го преминат Медитеранот загинале или исчезнале во првите шест месеци од годината. За споредба, во истиот период лани, бројката била 1.108.

Во 2017 година најмалку 2.278 мигранти загинале при обидот да го преминат Медитеранот, а во 2016 година бројот на таквите мигранти бил 2.946.

Од 2014 година, регистрирани се вкупно 27.633 смртни случаи на мигранти кои се обиделе да го преминат Средоземното Море. Според Меѓународната организација за миграција, вистинската бројка на загинати најверојатно ќе биде поголема, бидејќи се верува дека многу од пловилата на мигрантите потонале без да остават никаква трага.