Иранската хакерска група „Tатковинска правда“ преку Телеграм реагираше за полициската контрола во кампот на муџахедините „Ашраф“ во Манез во близина на Драч и „тензиите создадени по спротивставувањето на муџахедините“.
-Го поканивте ѓаволот во вашиот дом, сега ги жнеете плодовите на вашата работа, напишаа тие.
Тие ја објавиле веста во која припадници на МЕК тврдат дека едно лице е убиено а повеќе се повредени од полицијата, која пак тврди дека такво нешто не се случило. Имало само повредени како резултат на неутрализирачки гас што бил испуштен, бидејќи жителите на МЕК одбиле да ги предадат серверите и компјутерите.
Во меѓувреме, поради тензичната ситуација во кампот, каде, од 2014 година, се сметени над 3.000 илјади муџахедини, на помош на полицијата пристигнала и единицата за специјални интервенции „Ренеа“.