понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ирска го легализираше абортусот

Ирска го легализираше абортусот

Ирскиот парламент вчера го усвои предлог законот со кој се легализира абортусот, седум месеци по историскиот референдум на кој Ирците се изјаснија против негова забрана.

Премиерот Лео Варадкар го поздрави „историскиот момент за ирските жени“.

Во мај оваа година Ирците на референдум со 66 отсто од гласовите ја поддржаа легализацијата на абортусот, што претставуваше културен потрес за земјата, во која живеат 4,7 милиони луѓе со силна католичка традиција.

Ирскиот закон за абортус беше најстрог во Европа и не признаваше исклучоци ниту за случаи на инцест, силување или малформација на плодот.