среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ирските пилоти на „Рајанер“ објавија дека планираат уште два штрајка во јули

Ирските пилоти на „Рајанер“ објавија дека планираат уште два штрајка во јули

Ирските пилоти на „Рајанер“ објавија дека ќе спроведат уште два еднодневни штрајкови со што сакаат да го зајакнат притисокот врз најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Европа за подобрување на условите за работа.

Околу 100 од 350 ирски пилоти на „Рајанер“ вчера го организираа првиот штрајк за да побараат потранспарентен механизам за плаќање, трансфери и покачувања. Целта на протестот беше да се намали прекумерната дискреција во однос на управувањето со кариерите на пилотите.

Авиокомпанијата тврди дека нејзините пилоти работат во едни од најдобрите работни услови во секторот на нискобуџетни превозници. Поради вчерашниот штрајк беа откажани 30 летови од Ирска, што беше помалку од два проценти од 2.300 летови дневно.

Кабинскиот персонал на Рајанер претходно објави дека во јули ќе има штрајкови во Шпанија, Италија, Португалија и Белгија. Синдикатот на пилотите сега соопшти дека планира уште два еднодневни протести  на 20 и 24 јули.

Компанијата „Рајанер“ лета до 37 земји  и минатата година имала 130 милиони патници.

МИА