Морнарот Петар Марчинко, кој исчезна пред 30 години од Чепикуц на самиот југ на Хрватска, е пронајден во Шпанија, каде што живее и денес.
Според Дулист, полицијата го известила семејството на пронајдениот Марчинко, а во меѓувреме бил избришан од регистарот на исчезнати лица.
Јавноста се уште не ја знае причината за неговото мистериозно заминување во Шпанија пред 30 години и зошто никогаш не контактирал со семејството, пишува Вечерњи лист.
Последната информација за него беше во април 1992 година, кога на 39-годишна возраст се симна од бродот Дубровник во Хихон, Шпанија и оттогаш му се губи секаква трага. 30 години подоцна, полициската управа Дубровник-Неретва доби потврда од меѓународни институции со кои соработувале, дека при проверка на документи кои неодамна се појавиле во полициската станица Стон, го има и неговото име.
По детална проверка Марчинко е пронајден жив во Шпанија.
Во средината на декември Дулист го посети родниот град на Марчинко, Чепикуќе, во потрага по информации за пронајдените документи. Сите се надеваа дека документите се навистина негови и дека е жив.
Според зборовите на еден сосед, Петар требало да се качи на брод за Канада за да оди кај својот брат, но поради некоја причина изгледа не го сторил тоа, туку се симнал во Шпанија.