четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Исчезнати стотици археолошки и историски наоди од Британскиот музеј

Исчезнати стотици археолошки и историски наоди од Британскиот музеј

Сребрени ѓердани, древни монети и над 500 ќерамички предмети се меѓу исчезнатите од Британскиот музеј за изминативе 20 години. Се стравува дека вкупниот број украдени артефакти би можел да надмине и 2.000 парчиња, открива лондонски „Тајмс“.

Ова откритие за наводната кражба на илјадници скапоцени предмети, за музејот е еден од најголемите скандали во неговата историја.

Можниот осомничен крадец минал најмалку 20 години ограбувајќи ги трезорите на музејот, со тоа што ја искористил неможноста на установата да ги каталогизира своите наоди.