сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Исланд на неодредено време ја затвора амбасадата во Москва

Исланд на неодредено време ја затвора амбасадата во Москва

Исландските власти денеска соопштија дека ќе ја затворат својата амбасада во Москва на неодредено време поради актуелната ситуација поврзана со конфликтот во Украина.

-Сегашната ситуација едноставно не дозволува нашата мала дипломатска мисија да работи во Русија, изјави исландскиот министер за надворешни работи Тордис Гилфадотир.

Малата нордиска земја е првата земја што донесе ваква одлука од почетокот на војната во Украина. (МИА)