вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Исплива тајната на последниот портрет на принцот Филип: Уметникот ги откри сите тажни детали – за многумина ова е емоционален момент!

Исплива тајната на последниот портрет на принцот Филип: Уметникот ги откри сите тажни детали – за многумина ова е емоционален момент!

Австралискиот уметник Ралф Хајманс ја имаше честа да го наслика последниот портрет на принцот Филип, кој почина во петокот на 9 април на 99-годишна возраст.

Портретот е создаден во 2017 година, истата година кога покојниот принц се повлекол од јавната служба, а уметникот го насликал како позира во ходникот на неговиот дом, замокот Виндзор, и сега откри непознати детали за сликата.

Филип на сликата ги држи рацете зад грб и има блага насмевка и е облечен во свечена вечерна униформа на која јасно стои Орденот на крилата на слонот, највисокиот дански ред што принцот гордо го носеше во чест на неговите дански корени, но уметникот подоцна во Sky News Daily на водителот Дермот му откри дека најважниот дел од сликата е околината на принцот.

Тој го потенцираше посебното значење на ходникот во животот на Филип затоа што неговата мајка и баба се породија во мала соба на крајот од долгиот премин. Исто така, принцот починал во замокот Виндзор, така што Ралф верува дека ходникот на сликата симболично го претставува целиот негов живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ralph Heimans (@ralph.heimans)

Тој исто така раскажа како се сретнал со принцот многу пати пред да го избере вистинското место за да го слика, и открил дека самиот Филип сликал во слободно време и дека уметноста е неговата голема страст.

– Беше забавно да го сликам. Како што можете да си замислите, тој имаше одлична смисла за хумор, но исто така испушташе и сериозност што може да се види на портретот, рече уметникот, кој е особено горд на тоа како го нацртал принцот на сликата.

– Тој беше многу вклучен во целиот процес и уживаше и беше секогаш расположен за разговор, па можам да кажам дека беше едно убаво и многу чесно искуство, заклучи тој.

Последното збогување со принцот Филип ќе се одржи во сабота, 17 април, со почеток во 15 часот, во капелата Св. Џорџ во Виндзор.