недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Исповед на преживеан во крвавиот Велигден: Две случајности ми го спасија животот, порака и труба

Исповед на преживеан во крвавиот Велигден: Две случајности ми го спасија животот, порака и труба

Киеран Арасартнам бил во хотелот Шангри Ла во времето кога бил нападнат ресторанот на вториот спрат од хотелот.

Во нападите во Шри Ланка загинале 290 лица, а околу 500 се поврдени.

Овој факултетски професор кој од Шри Ланка пред 30 години се преселил во Британија, вели дека прво слушнал нешто што звучело како грмежи. Вели дека почнал да трча од 18 спрат кон приземјето.

Преживеал благодарејќи на расипаната труба на автомобилот и една порака.

Своето искуство го споделил на Фејсбук.

-Смртта ми чукна на врата. Јас преживеат, но многумина не. Тоа столче од левата страна е местото каде требаше да седам во 9 часот утрината кога експлодираше бомбата. Јас и моето семејство многу пати таму седевме. Ме спречи и порака во 8:36 часот. Пријател ми испрати порака, а на возачот на автомобилот не му работеше трубата. Мојот возач беше на пат на појадок кој го договоривме за 9 часот, а хотелот требаше да го напуштиме во 9:30. Како што возеше кон хотел, така му се расипа свирчето. Отиде да промени автомобил, бидејќи во Шри Ланка е невозможно да се вози без труба. Тоа го задржа 45 минути. Во 8:36 добив порака од пријател кој беше на аеродром и кој ми се заблагодари за престојот, а јас само се пошегував дека може и да задоцнам на појадок, кога повеќе не сум по „скандинавски часовник„- раскажал преживеаниот маж.

Значи прво добил порака од пријателот поради кој порано излегол од соба. А, потоа дознал дека и возачот ќе задоцни, па не се брзал.

-Во 8:45 ја отворив вратата и тргнав на појадок, ми требаа 5 минути да излезам од соба до појадокот. Нешто ме спречи, се вратив во соба по кредитната картичка. Кога ја заклучував вратата експлодираше бомбата. Потоа се слушна друга експлозија. Знаев дека нешто не е во ред. Знаев дека нешто не е во ред. Почнав да трчам од 18 спрат кон приземјето. Кога стигнав до третиот спрат, тогаш сфатив колку е лоша ситуацијата. Крв имаше насекаде, деца ги носеа на раце, целосна паника, се сеќава тој.