Италијанската Влада денеска доби глас на доверба во Горниот дом на Парламентот откако Сенатот го одобри контроверзниот предлог-закон.
Гласањето за предлог-законот истовремено беше и гласање за доверба на Владата. Тоа обично се прави со цел да се избегнат долги дискусии во Парламентот за одреден законски проект.
Разработениот и предложен предлог- закон од вицепремиерот и лидер на десничарската Лига Матео Салвини предвидува строги имигрантски правила, го ограничува правото на азил и го дополнува постојниот закон против тероризмот и мафијата.
Сенатот го усвои проект-законот со 163 гласа „за“, 59 „против“, меѓу кои и членови на Движење Пет ѕвезди, кои не го поддржаа.
Доколку не се усвоеше законот, на Владата ќе и се наложеше да поднесе оставка. Одлуката да се побара гласање за доверба, ги покажува постојните тешкотии во владината коалицијата.
Доаѓањето на власт во јуни на коалицијата Движењето Пет ѕвезди и Лигата, си постави за цел да стави крај на пристигнувањето на нелегалните мигранти.
МИА