недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Италијански сенатор пронајден мртов во својата канцеларија

Италијански сенатор пронајден мртов во својата канцеларија

Италијанскиот сенатор Бруно Асторе (59) почина во својата канцеларија во Сенатот, долниот дом на италијанскиот парламент во Рим, соопшти АНСА.

Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Рим покрена истрага поради сомнеж за самоубиство, а по истрагата ќе се одлучи дали ќе биде извршена обдукција.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази сочувство на Асторе, додека претседателот на Сенатот Игнасио Ла Руса нареди знамињата во Сенатот да бидат спуштени на половина копје.

Во Сенатот првпат беше избран во 2013 година, а третпат на предвремените избори одржани на 25 септември минатата година.