четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Италијанскиот премиер Драги за вечерва најави оставка

Италијанскиот премиер Драги за вечерва најави оставка

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Серџо Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата.

-Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги.

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“.

Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција. (МИА)