Израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет утрово закажа итен состанок со воената команда и началниците за разузнавање за да разговара за безбедносните прашања по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американски воздушен напад во Ирак.
Тоа го објавија израелски медиуми.
На состанокот ќе учествува и Авив Кохави, шеф на израелскиот Генералштаб на армијата.
Медиумите јавуваат дека во контекст на неодамнешните настани во регионот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да ја скрати посетата на Грција и да се врати во својата татковина. Во меѓувреме, израелската армија одлучи да ја затвори за туристи планината Хермон.