среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИТЕН СОСТАНОК НА СЗО! Ќе се разговара за мајмунските сипаници

ИТЕН СОСТАНОК НА СЗО! Ќе се разговара за мајмунските сипаници

Светската здравствена организација свика состанок на 23 јуни на Комитетот за вонредни состојби, на кој треба да се оцени дали ширењето на мајмунски сипаници претставува вонредна состојба за јавното здравје во меѓународен контекст.

Највисоко ниво на предупредувања од здравствената агенција на Обединетите нации досега се издадени само за пандемијата на Ковид и за детска парализа.

Годинава се пријавени 1.600 случаи на мајмунски сипаници во 39 земји, како и 1.500 сомнителни случаи, додека 72 лица починаа, соопшти СЗО. (МИА)