Владата на Гамбија соопшти дека 70 деца починале од акутно оштетување на бубрезите, за кои постојат сомневања дека е поврзано со сируп против кашлица произведен во Индија.
Претседателот на Гамбија, Адам Бароу соопшти дека информацијата ја споделил и на итен состанот на кабинетот.
Утврдено е дека сирупот е произведен од компанијата “Maiden Pharmaceuticals” од Њу Делхи која затворила една фабрика во северна Индија, бидејќи е под истрага и од индиските власти.