Милиони Унгарци денеска излегоа на гласање на парламентарните избори на кои долгогодишниот премиер на таа земја Виктор Орбан бара петти мандат.
Негов противкандидат е Петер Марки-Заи, кој е на чело на опозициската коалиција која се обедини во желбата да го собори.
Гласачките места низ Унгарија се затворени во 19 часот по средноевропско време, но според унгарската новинска агенција, доколку некој веќе чекал на ред за гласање во тој момент, сепак можел да гласа.
Излезноста се очекува да биде околу 70%, како и на изборите во 2018 година.