четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Изборите во Каталонија одложени за 30 мај

Изборите во Каталонија одложени за 30 мај

Парламентарните избори во Каталонија, во североисточна Шпанија, се поместени од 14 февруари на 30 мај, поради ширењето на новиот коронавирус во последните денови, соопшти денеска каталонската Влада.

Одлуката за одложување на изборите беше донесена по состанок меѓу владата и сите партии кои се согласија за потребата од одложување на датумот.

Во изминатите две недели, бројот на заразени со вирусот во Каталонија достигна 532 на 100.000 жители, што означува „екстремен ризик“, а истовремено на интензивна нега, пациентите со вирусот зафатија 42 отсто од капацитетот, па владата ги продолжи ограничувачките мерки

Изборите во Каталонија, индустриски и туристички развиена автономна покраина, се одржуваат бидејќи Врховниот суд во Мадрид во септември му забрани на премиерот Ким Тора да извршува јавни функции за една и пол година. (МИА)