Големиот пожар во близина на шпанскиот град Валенсија, што избувна во понеделникот и поради кој беа евакуирани над 3.000 лица, е изгаснат, соопшти Службата за вонредени состојби на Шпанија.
– Пожарот е изгаснат, објави рано изутринава Службата на Твитер.
Пожарот, што беше предизвикан од удар на гром, уништи над 3.200 хектари површина.
Во гаснењето на огнот учествуваа неколку стотици пожарникари, потпомогнати од речиси 30 хеликоптери и авиони.
Пожарот се закануваше да зафати и неколку населени места, поради што властите спроведоа евакуација на околу 3.000 локални жители.